• Mon. May 20th, 2024

Црвен крст Струмица врши увид на услугата Лична асистенција на лица со попреченост

ByЃ. K.

Aug 8, 2023

Стручниот тим при ОО Црвен крст Струмица врши увид на услугата Лична асистенција на лица со попреченост.

Целта на посетите е подигање на квалитетот на испорачаната услуга во општините Струмица, Ново Село, Босилово и Василево преку отворени разговори околу стандардите за услугата, давајќи посебен осврт кон принципите кои произлегуваат од Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост:

• Почит кон вроденото достоинство, индивидуалната автономност и независност на лицата со попреченост,

• Право на слобода на избор и одлучување во текот на остварувањето на правото на персонална асистенција

• Почит кон разликите и прифаќање на лицата со попреченост како дел од човековата различност и од човештвото, изразено преку индивидуален пристап во планирање и спроведување на услугата и

• Поттикнување на учеството и активно вклучување на лицата со попреченост во општеството.

By Ѓ. K.