• Tue. May 14th, 2024

Објавен јавен повик за набавка на противпожарно возило за ТППЕ Струмица

ByЃ. K.

Aug 9, 2023

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Струмица, Република Северна Македонија објавува јавен повик за доделување на договор за јавна набавка на Опрема за заштита од шумски пожари – Мал противпожарен камион за гаснење на шумски и градски пожари во рамки на проектот „Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи – eFIDAR“ во Југоисточниот плански регион, Република Северна Македонија, со финансиска помош од ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Грција – Република Северна Македонија, 2014-2020. Тендерската документација е достапна на Булевар “Маршал Тито“, број 1-1, 2400 Струмица, Република Северна Македонија, објавена на страната на https://southeast.mk/javni-nabavki/ostanati/ на страната на Програмата: http://www.ipa-cbc-programme.eu/project-news/  и на ТЕД (еТендерирање).

Крајниот рок за доставување на понудите е до 16.00 часот (локално време), на 30.08.2023 година.

Дополнителни информации или појаснувања/прашања ќе се објавуваат на ТЕД (еТендерирање) https://etendering.ted.europa.eu/cft/cft-search.html кои исто ќе бидат достапни и на веб страната на договорниот орган  https://southeast.mk/javni-nabavki/ostanati/ .

Тендерската документација е достапна на следниов ЛИНК.

By Ѓ. K.