• Mon. May 20th, 2024

Видео обраќање на Костадинов: „Струмица е навистина грижлив град кој нуди еднакви можности за сите“

ByЃ. K.

Aug 9, 2023

Градоначалникот Костадин Костадинов со видео обраќање ги информира граѓаните дека Општина Струмица деновиве објави јавни повици за невработени лица преку кои финансира лични асистенти за ученици со индивидуални потреби.

Тој потенцираше дека Струмица е првата општина во Македонија во која се отвори клуб за деца и младинци со Даунов синдром. Тие имаат потреба од неговател или негователка и за истото е распишан втор јавен повик.

Градоначалникот Костадинов апелираше граѓаните да се пријават, да стекнуваат нови вештини, да помагаат и заеднички да ја направиме Струмица најпосакуван град за живеење.

By Ѓ. K.