• Sat. May 18th, 2024

Цветков ги именуваше Коциров за потпретседател а Касапова за генерален секретар на ОО СДСМ Струмица

ByВане Трајков

Apr 13, 2022

По изборот на Борче Цветков за прв човек на струмичките социјалдемократи се комплетира партиското раководство на Општинската организација на СДСМ Струмица. Новиот претседател  Цветков за потпретседател на огранокот на владеачката партија во Струмица го именуваше Столе Коциров кој е актуелен прв човек на младите социјалдемократи од ова општина.

Новиот претседател на ОО СДСМ Струмица, Борче Цветков за генерален секретар пак ја постави Ани Касапова. Таа на социјалните мрежи се заблагодари на укажаната доверба и вети дека одговорно и професионално ќе ја извршува оваа функција

,, Сплотени како и досега, ќе работиме посветено за светла иднина за партијата но и за нас граѓаните,, напиша Касапова

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *