• Tue. May 21st, 2024

Средба Костадинов-Улман

Нејзината екселенција амбасадорката на Република Швајцарија во Mакедонија, Вероник Улман Марти денеска се сретна со градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. Средбата се одржа во градоначалничкиот кабинет на Костадинов.

Според општинското соопштение, на средбата присуствувала и директорката на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Жулиета Ѓуркова, претседателот на Советот и секретарот на Општината. Разговарале за досегашната соработка и планирале како да ја унапредат.

„Во нашата општина и во Југоисточниот регион, досега се реализирани повеќе проекти финансирани од швајцарските фондови кои придонесоа во подобрувањето на животот во нашата заедница, за што посебно и се заблагодарив на Амбасадорката, а ја потврдивме заедничката заложба за реализација на нови проекти во интерес на граѓаните“, вели Костадинов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *