Свет

Хајбатула Ахунзада – нов лидер на талибанците

Талибанците официјално ја потврдија денеска смртта на нивниот лидер мулата Ахтар Мансур, кој беше убиен во напад со американско беспилотно летало. Тие го избраа Хајбатула Ахунзада за нов лидер, се вели во писменото соопштението на портпаролот на талибанците Забиула Муџахид.

Мулата Манасур беше убиен во напад на американско беспилотно летало во Пакистан во саботата. Тој ги предводеше талибанците од минатата година по смртта на неговиот претходник мулата Мохамед Омар.

Талибанците за негов наследник го избраа Ахунзада, поранешен раководител на судскиот систе на исламистичкото движење. Ахузанда е избран на средба со талибанските лидери, за која се смета дека била одржана во Пакистан.

За заменици на новиот лидер се избрани Сираџудин Хакани, раководител на мрежата Хакани, која е обвинувана за повеќе бомбашки напади во Кабул изминатите години и синот на покојниот мула Омар, Мула Мохамед Јакуб.

Препорачуваме:

Почина вториот човек кому му беше пресадено срце од свиња

Ѓ. K.

Белорусија воведува смртна казна за потенцијалните терористи

Бесплатно самотестирање во Грција

Сузана Мицева