• Sun. May 12th, 2024

Фудбалските надежи од Балканот се собраа во Струмица – отворен ПАНДЕВ КУП 2018

 ,,Тренирајте , другарувајте и бидете постојано со фудбалската топка. Само така ќе станете вистински фудбалски амбасадори на вашите градови и држави. Само така ќе ги достигнете фудбалсктие височини и ќе станете големи фудбалски имиња’’

Ова беше пораката од Горан Пандев што ја упати преку видео врска од Италија до над 850 дечиња од целиот Балкан кои овие денови учествуваат на турнирот ,,Пандев КУП 2018’’ а се собраа на струмичкиот плоштад на свеченото отворање.

,,Овој пат чест и задоволство е да се биде домаќин на еден масовен фудбалски собир на млади фудбалери, наречен „Пандев куп“, а по заслуга на фудбалскиот клуб „Академија Пандев“ и на познатиот струмички и македонски интернационалец од европски и светски глас, Горан Пандев” рече градоначалникот Јаневски.

На турнирот учествуваат 64 екипи од Македонија, Бугарија, Србија за фудбалери роднеи  2006, 2007, 2008 и 2009 година кои се поделени во 16 групи од по четири екипи. Купот го организира ФК Академија Пандев и општина Струмица со Агенцијата за млади и спорт и ФФМ

,,Сакам на сите Вас дечињата, да Ви посакам многу успех и вашите фудбалски соништа да почнат да се остваруваат токму од фудбалска Струмица. И секогаш да се сеќавате на овој турнир Пандев КУП како една од станиците низ која сте ја граделе вашата фудбалска кариера, а ние како Академија Пандев секогаш ќе стоиме да дадеме силна подршка и мотивација во исполнувањето на вашите фудбалски соништа,, рече Југослав Тренчовски

На првиот натпреварувачки ден беа одиграни 32 натпревари а дечињата постигнаа над 60 голови.. Повеќе во емисијата ВИС СПОРТ во понеделник

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *