Регион

Фото: Снимателот на ВИС – најсекси женска на струмичкиот маскенбал

Снимателот на ТВ Канал Вис, Кире Пиличев, беше најпосакувана „жена“ на струмичкиот маскенбал. Ја понесе специјалната награда од организациониот одбор. Речиси сите сакаа да се фотографираат со него, а тој на својот ФБ профил објави фотографија со наслов „Три грации“, посочувајќи дека се чувствува пријатно во друштвото на привлечни жени. Девојките грации во раце држеа микрофони, а Кире кусо рече дека дури и да е жена, неговата работа повторно ќе биде камерата.

„Не сум јас за микрофони, дури и само да ги држам, мојата професија е снимателството“, изјави Пиличев.

 

Препорачуваме:

По подолг период едноцифрен број на заболени и на починати од ковид-19

Стојне Митева

Филипче: Ако заразата продолжи да се шири со оваа динамика, набргу ќе недостасуваат кревети и медицински кадар во болниците

Ване Трајков

Дојран вчера продаде 14 парцели за изградба на викенд куќи – интересот бил огромен

Сузана Мицева