• Thu. May 16th, 2024

Фото – Децата од ФК Мак Струмица одлични на Кочани Оризарски Куп

ByВане Трајков

Jun 13, 2018

ФК Мак Струмица деновиве зеде учество на турнирот Кочани Оризарски куп со три генерации (2005, 2007 и 2009)  на кој настапуваа екипи од Македонија, Србија и Бугарија. Најмладите го постигнаа најголемиот успех. Генерацијата 2009 стаса до малото финале каде беа поразени од екипата на Фамос од Скопје со што го освои 4 место . Во борба за големото финале децата на Мак Струмица беа празени од Постолов Пандев

,, Како најмлад клуб бевме дебитанти на турнирот и ова е за нас голем успех но и искуство повеќе. Горди сме на нашите деца кои по квалитет не заостануваат од останатите клубови и академии,, кажаа од ФК Мак Струмица

Со генерацијата 2007 Мак Струмица се пласираше во четвртфиналето додека со генерацијата 2005 претрпеа пораз од Матаруге од Србија

,, Ваквите игри и резултати ќе не мотивираат да работиме уште повеќе. До крајот на летото ќе земеме учество на уште неколку турнири а од септември почнуваме со натпревари во детската лига,, кажаа од ФК Мак Струмица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *