• Mon. May 20th, 2024

Фото – Да се надминат родовите бариери уште од мали нозе, фудбал може да играат и момчињата и девојчињата

ByВане Трајков

Sep 19, 2018

Во организација општина Струмица а во соработка со ЖФК ,,Тиверија,, и ФК ,, Беласица,,  на стадионот ,,Младост,, момчиња и девојчиња заедно тренираа фудбал за да докажат дека со овој спорт може да се носат подеднакво сите. Преку игра и забава дечињата ги изучуваа фудбалските мајстории. Девојчиња наспроти момчиња и обратно со фудбалската топка презентираа дел од умешноста како да се реализираа одредена акција. 

,,Сакаме да покажеме дека и девојчињата играат подеднакво добро фудбал со момчињата. Да ја отфрлиме тезата дека фудбалот е само машки спорт. Кај нас сеуште е проблем, бидејки родителите имаат други размислувања и сметаат дека фудбалот е само за момчиња. Сметам дека девојчињата подобро се носат со фудбалската игра, се разбира доколку бидат упорни во фудбалската ,,магија,, истакна Александара Ристовска од ЖФК Тиверија за Канал ВИС

Настанот беше дел од Стратегијата за родова еднаквост на општина Струмица за перидот 2017-2020, со цел промоција на девојките во нетипичните спортови и дека треба да се рушат родовите бариери уште од мали нозе

,,Сакаме да упатиме порака до граѓаните дека родовата рамноправност се развива уште од најмали нозе и да стимулираме активно учество на децата во спортот без разлика на полот,, кажа Софче Иванова од општина Струмица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *