Спорт

Академија Пандев и Беласица со победи и на чекор до четвртфиналето од КУП титулата

Фудбалерите на двата струмички провлигаши Беласица и Академија Пандев се на чекор до пласман меѓу осумте најдобри екипи од фудбалскиот КУП на Македонија

Академија Пандев во Штип ја декласираше Брегалница со 6:2 откако на полувремето пандевци водеа со 2:1. Четирите гола разлика пред реваншот закажан на 3 окотмври во Турново треба да бидат доволни за пласман во четвртфиналето

Победа забележаа и фудбалерите на Беласица. Во првиот осминафинален меч против Пелистер славеа со 2:0, предност која гарантира струмичките синобели да бидат во друштвото од 8 екипи кои ќе се борат за КУП титулата на Македонија

Препорачуваме:

ОК СТРУМИЦА – ШАМПИОНИ !!!!!

Ване Трајков

Македонски спорт- Горан Пандев од Џенова во кинескиот Жиангсу за 5,5 милиони евра

Виктори се поблиску за разигрување за Шампионска титула, го освои Пелистер и сега се во Топ 4