• Sun. May 12th, 2024

Формиран социјален Совет во општина Струмица

Формиран социјален Совет во општина Струмица

Зајакнување на институционалните капацитети,градење на ефикаснен системна поддршка и грижа за социјалните потреби на ранливите лица, како и соодветни информации и бази на податоци за бројот на ранливи групи, за видовите на ранливост, нивните специфични потреби и ограничувања, за таа цел општина Струмица формираше Социјален Совет кој во иднина би ја искористил за структурата за подготовка на соодветни и решенија базирани на локалните потреби на населението со било каков социјален ризик. Општествени чинители од различни институции кои работат на заштита и превенција во областа на социјалата поставија рамка за имлементација и испорака на социјални услуги во локалната заедница.

Социјалниот дијалог на локално ниво треба да ги вклучи сите видови преговарање, договарање и размена на информации меѓу претставниците на локалната власт и социјалните партнери, синдикатите и органзациите на работодавачите за прашања од заеднички интерес.

По формирањето на социјалниот совет во наредниот период се очекува да биде изготвена и Стратегијата за социјална заштита. Во секој случај, постои потреба од натамошно координирање и вклучување на сите засегнати страни во заедницата, во процесот на обезбедување на квалитетни и иновативни социјални услуги. Оваа е особено значајно во делот на изготвување на програми за социјална заштита на локално ниво, кои голем дел од нив , како и до сега Струмица соодветно ги буџетираше од сопствени извори..

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *