• Wed. May 15th, 2024

ЈП Паркиралишта ќе води грижа за јавното улично осветлување во Општина Струмица

ByВане Трајков

Apr 28, 2022

ЈП Паркираалишта во иднина ќе стопанисува со мрежата за јавно улично осветлување откако денеска Советот на општина Струмица донесе одлука да им ја додели на мрежата на трајно користење. Тоа значи дека во иднина Паркиралишта располага со истата, ќе води грижа но ќе врши одржување на мрежата за улично осветлување.

Првиот човек на ЈП Паркиралишта Митко Бујуклиев кажа дека наскоро ќе се склучи договор со општината и ќе бидат превземени мерните броила а парите што ќе ги плаќаат домакинствата за таксата за улично осветлување преку општината ќе бидат трансферирани до ЈП Паркиралишта.

За одлуката за давање на трајно користење на мрежата за улично осветлување на ЈП Паркиралишта гласаа 22 советника а еден беше против.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *