Спорт

ФК Брера со свој Фан шоп во центарот на Струмица – во петок ќе го отвори Горан Пандев

Во петок во строгиот центар на Струмица, Брера отвора Фан шоп кој ќе се ноаѓа на градскиот плоштад веднаш до Стоковната. Во продавницата која ќе биде отворена во 18 часот, може да се набават брендирани дресови, јакни, маици, шалови, приврзоци, шолји, пенкала како и многу други предмети со логото на Брера.

На настанот ќе биде присутен и претседателот на клубот Горан Пандев кој ќе се дружи со сите навивачи, симпатизери и граѓани кои ќе бидат присутни на свеченото отворање во периодот до 18 до 19 часот. Освен со Пандев посетителите ќе имаат можност да се дружат и со играчите и стручниот штаб на ФК Брера Струмица кој дефинитивно отвора нови страници во македонскиот фудбал.

Од Брера упатија покана за дружба до сите љубители на фудбалот, симпатизери и навивачи на клубот како и до сите граѓани во петок на први март со почеток во 18 часот.

Препорачуваме:

Струмичанецот Димитар Витанов од клубот ,,АБЦ’’ стана кадетски државен првак во кати а полека го освојува и балканот

Карате клубот Шихан го освои тронот во кадетска конкуренција- се вратија со четири медали

Ексклузивно – Нов кошаркарски трансфер од струмички Ролинг 08 во унгарски Ујпешт МТ

Ване Трајков