Регион

Ученици од ООУ „Сандо Масев“ во посета на Општината

Ученици од четвртите одделенија во основното општинско училиште „Сандо Масев“ денеска беа во посета на општина Струмица. Целта на посетата беше одблиску да се запознаат со работата на Градоначалникот и на локалната самоуправа и нејзините служби, а во рамките на совладувањето на материјалот по предметот општество. Децата покажаа голем интерес за функционирањето на локалната самоуправа, а градоначалникот Зоран Заев од нив доби поклон – цртежи и пораки нацртани и испишани од нивните вредни раце.

Препорачуваме:

Граѓански бунт во Старо Коњарево

Тепачка на двајца малолетници во Секирник

Југоистокот фрла најмалку отпад- најнов извештај на Статистика