Регион

Угостителите против новите рестрикции, бараат унифицирани протоколи

По реакција на угостителите, надлежните посочија дека се подготвени да разговараат, но мислењето на експертите останува клучно.

Нови 82 случаи на Ковид-19 беа регистрирани во текот на вчерашниот ден, што е благо намалување во однос на претходните денови. Сепак, Владата со цел превенција од ширење на вирусот, деновиве воведе нови ограничувања во работата на угостителските објекти. Токму ова предизвика реакција кај угостителите, кои најавија дека доброволно ќе ги затворат објектите, оценија дека со рестрикциите нема да се намали бројот на заболени и побараа унифицирани протоколи.

Новите мерки кои Владата ги прифати како препорака од Комисијата за заразни болести се забрана за гостување на пејачи и ди-џеи во сите угостителски објекти, ограничување на јачината на музиката до 55 децибели и намалување на бројот на лица кои може да седат на една маса во угостителски објект од сегашните 12 на четири.

Ова вчера предизвика реакции кај угостителите кои најавија доброволно затворање на објектите на две недели, но сметаат дека новите ограничувања нема да го решат проблемот со зголемениот број заболени. Не ни требаат крпеници од протоколи, туку унифицирани препораки за целокупната угостителска индустрија, наведе вчера Независната угостителска комора (НУК).

Според НУК, новите ограничувања ќе ги поттикнат младите и гостите на угостителските објекти да бараат алтернативни решенија на дружење и забава како што се групни и масовни собирања на приватни забави, по паркови, паркинзи и возила без никаква контрола и никакви механизми за заштита и превенција на личното и јавното здравје.

Препорачуваме:

Од 1 јануари 2019 година граѓаните нема да поднесуваат годишни даночни пријави

Dimitar Micev

Во Радовиш презентирани анализите за намалување на ризици од катастрофи

Ване Трајков

По 25-ти пат „Ентузијаст“ организира Меморијален планинарски марш „Ванчо Атанасов 2024“

Ѓ. K.