• Sun. May 19th, 2024

Три лица повредени во синоќешната сообраќајка на патот кон Петралинци

ByВане Трајков

Aug 22, 2021

 Во синоќешната сообраќајка на патот меѓу населените места Дабиле и Петралници во која излета тешко товарно возило марка фиат, три лица од беровско се здобиле со повреди, информираше МВР. Засега не се знаат причините како излетало возилото од патниот правец

,,Синоќа 22.10 часот на регионален пат Струмица – Берово, на делницата с.Дабиле – с.Петралинци, Ј.М.(30) од с.Двориште, беровско, управувајќи товарно возило „фиат дукато,“ со беровски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот Ј.М. и сопатникот М.М.(47) од с.Двориште, констатирани во Медицински центар Струмица, додека сопатникот С.Б.(43) од с.Двориште бил пренесен во Клиничка болница Штип за укажување на лекарска помош,, соопшти СВР Струмица која извршила увид на местото на настанот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *