• Wed. May 15th, 2024

Кампања „Вакцинирај се“ – за што помасовна имунизација и борба против лажните вести за вакцините

Кампања „Вакцинирај се“ – за што помасовна имунизација и борба против лажните вести за вакцините

Да го спречиме губењето нови човечки животи, да ги вратиме насмевките на нашите лица, да ги одмориме лекарите, болничарите и медицинските сестри, повторно да одиме на културни настани и спортски натпревари, да го вратиме животот повторно во нормала. Ова се само некои од пораките на владината кампања „Вакцинирај се“ што почна денеска и ќе трае во наредните неколку месеци.

Како што соопштија премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, промовирајќи ја кампањата, целта е и спречување на дезинформациите и на сите лажни митови за вакцините што се шират во јавноста.

Заев и Филипче уште еднаш апелираа дека вакцините се безбедни, ефикасни и претставуваат  единствен начин за надминување на пандемијата, за спас од тешките форми на КОВИД и од смртен исход.

Премиерот упати и посебна порака до антиваксерите. Рече дека протестот е уставно загарантирано право, но исто такво право е и правото на здравје. Мерките за заштита кои се предлагаат, како  вакцинацијата, повтори, се единствен начин за борба против вирусот.

-Секој глас за вакцина е глас за спас на живот. Затоа аплирам, да ја прифатиме пораката на кампањата „Вакцинирај се“. Да се вакцинираме за да се собираме повторно заедно, за да се вратиме на нормалниот живот. Сите да направиме чекор кон таа цел. Да го поттикнеме трендот на вакцинацијата, да ги охрабриме граѓаните, да ги видиме повторно широките насмевки на лицата, без маски, да ги вратиме прегртаките, за тоа ја лансиравме кампањата, а повикот е јасен, вакцинирај се. Вакцинирај се за да се вратат и артистите на сцените, за да се врати публиката на спортските арени, истакна Заев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *