Спорт

Тренчовски и Атанасов од Академија Пандев во изборот за најдобри на ФФМ – Гласајте!

Тренерот на младинците на Академија Пандев – Југослав Тренчовски но и фудбалерот кој настапува во младинска конкуренција Јани Атанасов се најдоа во потесниот круг за избор на најдобрите фудбалери и тренери  на Фудбалската федерација на Македонија за натпреварувачката 2015-2016.

Југослав се најде во конкуренција со Сашо тодоровски тренер на пионерите на ФК Вардар и Берат Имери тренер на кадетите на ФК Шкендија

Јани Атанасов пак се најде во конкуренција со Елмаз Алиф од Работнички и Есмина Личин од Вардар. Освен во овие две категории ФФМ има гласање и за најдобар фудбалер, фудбалерка и футсал играч за изминатата првенствена сезона.

Гласањето може да го направите до 5 декември 2016 година на веб страната на ФФМ или  на следниот линк

http://www.ffm.com.mk/najdobrite-vo-makedonskiot-fudbal-za-sezona-201516

Препорачуваме:

Беласица против Пелистер на стартот од Втората фудбалска лига

Ѓ. K.

Пионерите на РК Астраион во Ниш Србија ќе играат пријателски натпревари

Пандев: Беласица е наша гордост и треба да ја чуваме уште илјада години!

Ване Трајков