Регион

Струмичките матуранти ги завршуваат последните подготовки за матурската прослава

После четири години поминати во училишните клупи, струмичките матуранти деновиве масовно се подготвуваат за матурската прослава. Сите сакаат да изгледаат спектакуларно, а на матурската вечер да блеснат во најновите модели и специјални креации. Купуваат и шијат фустани и костуми, а девојките веќе имаат закажано и термин за шминка и фризура.

И модните салони деновиве беа со полни раце работа. По нарачка се шијат или набавуваат најновите модели на свечени фустани за девојките и елегантни костуми за момчињата.

Матурските прослави во Струмица започнуваат од четврток. 19 мај е резервиран за матурантите од СОУ „ Димитар Влахов“, 20 мај за струмичките гимназијалци, а 21 мај за матурантите од средното техничко училиште.

Препорачуваме:

Во Скопје фатен затвореник што избегал од затворот во Струмица

Ѓ. K.

Изложба на Ване Костуранов во Загреб

Организирана изложба „Енергетската ефикасност низ очите на децата“ во Сандански, Република Бугарија