• Sun. May 19th, 2024

Организирана изложба „Енергетската ефикасност низ очите на децата“ во Сандански, Република Бугарија

Прекрасната атмосфера во Епископската базилика – Сандански беше претворена во уметничка галерија.

На ден 20.06.2018 година во Епископската базилика – Сандански беше организирана изложба на  детски цртежи од детските градинки од општина Сандански и детската градинка „Сонце“ општина Ново Село на тема „Енергетска ефикасност“. На изложбата беа изложени 140 дела на малите уметници од градинките. Посетителите го допреа светот на децата и нивната идеја за енергетската ефикасност преку нивните уметнички дела.

На настанот, се организираше како дел од активностите на проектот со „Енергетска ефикасност во насока на постигнување подобра средина во детските градинки“ кој е ко-финансиран од Европската Унија преку Програмата Интеррег ИПА за прекугранична соработка Бугарија-Македонија. Присуствуваа и деца од детските градинки во Сандански.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *