Регион

Струмичани и денес ја покажаа хуманоста. Донираат на поставениот пункт во Домот на АРМ

Струмичани и денес ја покажаа својата хуманост. Полни ќесиња и картонски кутии со потребните артикли-конзервирана храна, вода, средства за хигиена, пелени и храна за бебиња, пристигаат во Домот на АРМ во Струмица. Граѓаните доаѓаат да им помогнат на поплавените од Скопје и Тетово.

-„Апелираме до граѓаните и правните субјекти, помошта да се состои од вода, конзервирана храна и средства за лична хигиена. Ги повикуваме граѓаните да донираат кој колку може со цел да им помогнеме на настраданите во поплавите„-рече Пецо Фончев од општина Струмица.

Хуманитарниот пункт во Домот на АРМ ќе биде отворен до петок, во периодот од 8 наутро до 21 часот навечер.

Препорачуваме:

ВИДЕО: Дали има потреба од полициски час

Медицински персонал од Валандово од денес во Кавадарци на масовната вакцинација

Стојне Митева

СЗО НЕ ПРЕПОРАЧУВА СИТЕ ДА носат заштитни маски

Стојне Митева