Регион

Струмичани и денес ја покажаа хуманоста. Донираат на поставениот пункт во Домот на АРМ

Струмичани и денес ја покажаа својата хуманост. Полни ќесиња и картонски кутии со потребните артикли-конзервирана храна, вода, средства за хигиена, пелени и храна за бебиња, пристигаат во Домот на АРМ во Струмица. Граѓаните доаѓаат да им помогнат на поплавените од Скопје и Тетово.

-„Апелираме до граѓаните и правните субјекти, помошта да се состои од вода, конзервирана храна и средства за лична хигиена. Ги повикуваме граѓаните да донираат кој колку може со цел да им помогнеме на настраданите во поплавите„-рече Пецо Фончев од општина Струмица.

Хуманитарниот пункт во Домот на АРМ ќе биде отворен до петок, во периодот од 8 наутро до 21 часот навечер.

Препорачуваме:

Mерната станица во Струмица не ги отчитува штетните ПМ честички во воздухот, инструментот бил расипан

Ване Трајков

Пожарот кај ГП Богородица ставен под контрола

Ване Трајков

По неколкучасовна борба пожарот кај Богданци е ставен под контрола

Ѓ. K.