• Sun. May 12th, 2024

Струмичанец украл 179 кутии цигари од возило за дистрибуција

ByЃ. K.

Oct 20, 2023

На 19.10.2023 во 16.20 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Г.П.(41) од Струмица.

Тој се сомничи дека претходно во Струмица, од возило за дистрибуција на цигари одзел повеќе кутии цигари. Кај него биле пронајдени 179 кутии разновидни цигари.

Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Г.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.

By Ѓ. K.