• Tue. May 14th, 2024

Ставена во функција памп патеката кај СРЦ Пандев во Струмица

Во рамките на второто издание на Фестивалот „ Вело Струмица“  и официјално е ставена во функција пам патеката која се наоѓа во непосредна близина на СРЦ ,,Пандев“.Станува збор за патека која изобилува со нагорнини и надолници и рампи за скокање околу кои можат да струмичани да возат велосипеди, скејт борди, ролери, тротинети генерирајки импулс од движење користејки го притисокот врз превозното средство.

„Со досега воспоставената велосипедската инфраструктура, како и преку развојот на рекреативните велосипедски содржини како памп патеката, континуирано вложуваме во развојот за Европска, прогресивна Струмица. Чекор напред е креирањето на велосипедското-рекреативното игралиште зад мене – памп патека, мулти-функционални простори кој придонесува за прогресивни локални заедници“ – кажа на официјалното отворање на ова игралиште градоначалникот Костадин Костадинов, најавувајќи дека предвидена е и изградба на планински велосипедски патеки, како и развој на велосипедска инфраструктура која има за цел поврзување на населените места со градот.