Регион

Во Струмица се одржува Фестивалот на класична музика – предвидени се пет концерти

Второто издание од фестивалот на класична музика „Класичен меѓународен фестивал Струмица 2023“, на кој најголемиот дел од програмата ќе биде посветен на камерната музика, се одржува до 9 јуни на неколку локации во Струмица.
,,Идејата беше поттикната од нас, група професионални музичари од Филхармонијата, Операта и колеги од музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица, оформени во здружение на граѓани со наслов на фестивалот, а со цел да направиме еден интересен фестивал, единствен од таков вид кај нас, презентираjќи претежно камерна музика во различни состави. Идејата за фестивалот со задоволство ја прифатија и ја поддржаа градоначалникот на градот и Советот на Општина Струмица, со цел фестивалот да стане традиционален, за што им благодариме за поддршката,, ни изјави проф. м-р Васил Атанасов, селектор на фестивалска програма на „Класичниот меѓународен фестивал Струмица 2023“.

Препорачуваме:

Видео: Масовна појава на болест кај пиперот во струмичко

Ване Трајков

Регулаторна: Бензините поевтинуваат за 1 и 1.5 денари, дизелот поскапува половина денар!

Стојне Митева

Овошките да се прскаат и кога се расцветани, советуваат агрономите

Dimitar Micev