• Mon. May 20th, 2024

Спасени три лица кои загубиле контрола врз чамецот од силното невреме

ByВане Трајков

Aug 30, 2023
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Денес околу 8.30 часот на единствениот телефонски број за итни повици 112 во ЦУК, се јавило лице кое со ушт две лица се наоѓало во чамец во Дојранското езеро кое било зафатено од силно невреме. Ветрот и брановите го оддалечувале чамецот далеку од брегот, кон внатрешноста на езерето. И покрај постојаните обиди трите лица не можеле да воспостават контрола врз чамецот и да се вратат назад на брегот на езерото.

Операторот на 112 ја лоцирал точната локација на која се наоѓал чамецот и веднаш ја препратил во Секторот за операции и координација на ЦУК. Оперативецот од СОК на ЦУК веднаш го известил СВР Струмица кој итно побарал помош од граничната полиција во Дојран (ПС за ГП и ГН Стар Дојран при РЦ за ГР Југ).

Тим на граничната полиција со глисер влегол во бурата и во едно драматично спасување, проследено со силен ветер и големи бранови, успеал неповредени да ги извлече трите лица кои се наоѓале во голема опасност, велат од ЦУК