• Fri. May 10th, 2024

Деца и тинејџери ги учеа тајните на фотографијата во пазувите на Беласица

Деца и тинејџери ги учеа тајните на фотографијата во пазувите на Беласица. Како да се направи најдобра фотографија на пејзаж, да се искористи природното светло, да се долови најубавиот кадар. За овие вештини и техники учеа група учесници на работилницата што се одржа во рамки на проектот „Кажи ДА на природата“, проект што го спроведува здружението „Вајлд артисанс“.

Младите артисти се дел од изработката на документарниот филм што ќе ги прикаже природните убавини на Општина Струмица. Работилниците ги менторираа Кире Пиличев и Георги Кончалиев, кои велат дека низ уметничкиот кадар може да се развие и пдлабока приврзаност со природата. Токму затоа се обидуваат на малдите да им ја доближат токму од перспектива на уметници-набљудувачи, но и ловци на природната убавина. Пиличев и Кончаиев се потпишуваат и на филмот што треба да ги сензибилизра граѓаните за важноста на чистата животна средина и природните реткости што ги поседува струмичкиот крај.

На вчерашниот креативен ден во околината на Габрово, децата имаа можност и да цртаат пејзажи и мотиви од природата, вклучувајќи ги и изработките со природни материјали.