Регион

Сообраќајка на Валандовско брдо

Камион со струмички регистарски таблички утрово се преврте на Валандовско Брдо, при што e повреден возачот.

Според информациите од СВР Струмица, „сообраќајката“ се случила во 6.45 часот на патот од село Костурино кон Валандово во која учествувал камион мерцедес со струмички регистарски таблици.

Од засега непознати причини камионот се превртел на патот, а возачот се здобил со телесни повреди и е пренесен во Градската општа болница во Струмица. Сопатникот не побарал лекарска помош.

Во тек е увид на местото на несреќата со цел да се утврдат причините за несреќата.

Препорачуваме:

ВИДЕО: Парите за новогодишно украсување Валандово ќе ги пренасочи за Центарот за деца со попреченост

Во струмичката болница пристигна донацијата од Кувајт

Стојне Митева

„Употреба на Микро:бит за изработка на електронска корпа“ во ООУ „Сандо Масев“ Струмица