Регион

Сообраќајка на Валандовско брдо

Камион со струмички регистарски таблички утрово се преврте на Валандовско Брдо, при што e повреден возачот.

Според информациите од СВР Струмица, „сообраќајката“ се случила во 6.45 часот на патот од село Костурино кон Валандово во која учествувал камион мерцедес со струмички регистарски таблици.

Од засега непознати причини камионот се превртел на патот, а возачот се здобил со телесни повреди и е пренесен во Градската општа болница во Струмица. Сопатникот не побарал лекарска помош.

Во тек е увид на местото на несреќата со цел да се утврдат причините за несреќата.

Препорачуваме:

Земјоделците од Куклиш на трактори – гневни на ниските откупни цени

Ване Трајков

„Светлините на астерот“ ќе блеснат во Струмица на 17. „Астерфест“

Ване Трајков

Одземени возила од криумчарите го полнат привремениот центар Винојуг

Сузана Мицева