Регион

Советниците на Сдсм од Босилово се пишманија, за своите одлуки ги обвинија медиумите дека лажат

Советниците на Сдсм од Босилово се правдаат дека се за референдум за рудникот Иловица, но медиумите лажеле и правеле конструкција од одлуката на седницата. Советникот Лазар Пеневски на прес конференција демантира дека се прогласиле за ненадлежни за распишување референдум за стопирање на работата на рудникот Иловица. Тој тврди дека иницијативата што ја поднеле „Спас за Струмица“ е правно неиздржана и по нејзиното комплетирање ќе ги поддржале во постапката за собирање потписи.

Пеневски на прес конференцијата не кажа зошто советничката група на Сдсм не предложи советот сам да донесе одлука за референдум без собирање потписи, опција што исто така ја дозволува законот за референдум. На седницата на советот пред два дена, сите 15 советници од советот на општина Босилово заклучија дека референдум ќе распишат кога иницијативата „Спас за Струмица“ ќе достави листа со потписи кои ќе бидат 20% од гласачкото тело. На тој начин советот и градоначалникот се заштитија од евентуални кривични пријави, зашто сметаат дека за работата на рудникот Иловица треба да одлучува Владата.

Претходно претседателката на советот ги информира граѓанските активисти дека нема да присуствуваат на седницата, иако истата беше јавна и ја следеа медиумите, со образложение дека потребно им е прво советниците меѓусебно да се координираат пред да ги сослушаат аргументите на иницијативата „Спас за Струмица“.

Препорачуваме:

Книжевниот клуб во Босилово ја читаше и дискутираше „Парадоксот на Диоген“

Ѓ. K.

Се запалило патничко возило на регионалниот пат Струмица – Берово

Ѓ. K.

Радовиш почна со градење паркинг простор за 50 возила, се работи и на проектот зонско паркирање