• Sun. May 19th, 2024

Снегот не им дозволина учениците од Попчево,Рич и Раборци да дојдат на настава во Струмица

Ученици од селата Рич, Попчево и Раборци денеска не стигнаа на настава во училиштето „Маршал Тито“ во Струмица бидејќи патот до овие села не е прооден поради снег.

Од општина Струмица информираат дека се прават напори со механизацијата да се исчисти патот до овие населени места.

Во Струмица од синоќа снегот интезивно врне и според податоци од Центарот за управување со кризи во Струмица се наталожиле 12 сантиметри. Сите регионални и магистрални патишта во Струмичко се проодни во зимски услови и апелираат до возачите на внимателно возење и поседување соодветна зимска опрема.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *