Свет

Скај Њуз: Ги имаме имињата на 22.000 џихадисти

Британската телевизија Скај Њуз пренесе дека поранешен припадник на Исламсаката држава и доставил документи со имињата на 22.000 припадници на таа организација.

Поранешниот џихадист и испратил на телевизијата УСБ со податоци за Исламската држава, кои предходно ги украл од интерната полиција на џихадистите.

Документите содржат имиња, адреси и телефонски бореви на нови регрути од 55 земји, како и формулари кои истите ги пополнувале, јави Скај Њуз и додаде дека постојат податоци за џихадистите кои се наоѓаат во западна Европа, САД, Канада и Блискиот исток.

„Скај Њуз ги извести надлежните органи за тие документи“, наведе таа телевизија.

Документите, кои до сега излегоа во јавноста, сведочат дека Исламската држава има свој втемелен бирократски систем,
додаде Скај Њуз.

Препорачуваме:

Омикрон пристигна во Русија, Аргентина и Непал

СЗО: Пандемијата создаде глобална ментална здравствена криза

Сузана Мицева

Избори во Србија 2022 – Граѓаните бираат шеф на државата и пратеници во Собранието

Сузана Мицева