• Mon. May 20th, 2024

Сите денешни натпревари на Вимблдон прекинаа поради дожд

ByЃ. K.

Jul 4, 2023

Денешните натпреварите од првото коло на Грен слемот Вимблдон се прекинати поради дожд.

Во машка конкуренција прекинати се 15 меча кои почнаа денес, додека кај тенисерките осум дуели во моментов се на принудна пауза.

Дождот сигурно ќе ја пролонгира програма до доцна во ноќта, а некои натпревари може и да се префрлат за утре.

Вимблдон 2023 ќе трае од 3 до 16 јули.

By Ѓ. K.