• Mon. May 20th, 2024

Сенегалецот Сисе е новото засилување на Брера Струмица

ByЃ. K.

Aug 3, 2023

Пред стартот на новата првенствена сезона и официјално комплетирани се документите за новото засилување што го ангажираше Брера – Струмица.

Станува збор за 20 годишниот Папе Оумар Сисе од Сенегал кој игра во нападот, а во редовите на тимот на Брера доаѓа од италијанскиот клуб Авецано каде на 28 натпревари, постигна 4 гола и 5 асистенции.

Сисе во Струмица дојде на почетокот на јули и беше дел од сите фази на подготовките на тимот на Брера за престојната сезона, а беше и во стартните состави на некоку пријателски натпревари во Бугарија.

За новата првенствена сезона тимот на Брера исто така ги ангажираше и 23 годишниот дефанзивец Стефан Наумчевски, Александар Ристевски кој дојде од штипска Брегалница, 18 годишниот прилепчанец Андреј Аризанкоски, 19 годишниот напаѓач од Италија Салвадоре Рибаудо и искусниот бразилец Леонардо Антонио. Во меѓувреме ги продолживме договорите и со младите Ѓеоргије Јанкулов и Мартин Ѓоргиевски.

By Ѓ. K.