• Sat. May 18th, 2024

СЕММ повикува медиумите да се однесуваат професионално и етички и да не придонесуваат во ширењето невистини и создавањето паника кај јавноста

Во врска со појавата на случај на коронавирус во државата, Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) повикува медиумите да се однесуваат професионално и етички и да не придонесуваат во ширењето невистини и создавањето паника кај јавноста.

Информирањето во вакви случаи, според Кодексот на новинарите (член 8), мора да биде ослободено од сензационализми. Медиумите треба да дејствуваат на начин што ги разликува од обични преносители на информации и факти и да ја применат и својата улога како смирувачи на вознемиреноста кај граѓаните.

Освен тоа, тие треба внимателно да им пристапуваат на информациите со коишто се изнесуваат проценки за можна ескалација на случувањата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *