• Sat. May 18th, 2024

Почна струмичкиот карневал, нема одложување

ByВане Трајков

Feb 27, 2020

Нема да се одложи струмичкиот карневал поради појавата на пациент со корона вирус. Одлуката ја донел организациониот одбор во корелација со координативното тело од Скопје од каде не добиле било каква препорака или одлука за откажување на манифестации и поголеми јавни собири. Како што кажа претседателот на организациониот одбор Александар Цицимов само една средношколска група од Србија откажала учество .Очекува и ова година карневалот да понуди квалитетни маски

Годинава струмичкиот карневал одбележува 30 години од возобновувањето во организиран форма. Беа доделени признанија и плакети на сите институции и групи кои дале белег во развојот на ова манифестација. Учесниците со нетрпени очекуваат да ги покажат своите маски во сабота

Околу 1500 карневалисти од земјава и од девет европски држави ќе земат учество на годиншново главно дефиле кое ќе биде во сабота. Инаку карневалто во Струмица се одржува за празникот Тримери кои ги означуваат големите велигденски пости  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *