Регион

Се чисти канал за атмосферски води во Куклиш

Работна оператива од ЈПКД „Комуналец“ од Струмица, деновиве врши чистење на каналот за атмосферски води во селото Куклиш.

 

Според зборовите на Павле Малинов од Одделението за комунални работи при Општина Струмица, чистењето се спроведува на каналот со должина од 600 метри, кој од фудбалското игралиште води до Прочистителната станица во Куклиш.

Оваа активност е дел од проектот „Чистење на канали во села“, кој е во рамките на програмата Ј2 – „Одведување и прочистување на води за 2016 година“.

Според оваа програма на Општина Струмица за тековната година, предвидено е чистење на каналите во населените места во општината, со што се овозможува нивно нормално функционирање за подолг временски период, без опасност од поплавување.

Препорачуваме:

Откриени бесправно сечени дрва во двор во Радовиш

Ване Трајков

Ќе се регулира поројот Св. Илија во Струмица

Ване Трајков

ВИДЕО: Струмичани сметаат дека во Струмица треба да се воведе полициски час