Спорт

Гол шоу на Академија Пандев во Чешка, совладан Бохемијанс со убедливи 6:0

Младите на ,,Академија Пандев,, одлично го започнаа настапот на ,,Генерали ЦЕЕ Купот,, во Прага – Чешка . Во рамките на првото коло го декласираа домашниот тим на ,,Бохемијанс,, со резултат од 6:0 со што го привлекоа вниманието на сите присутни спортски работници.

,,Пандевци,, според информациите, на стадионот ,, Страхов,,  покажале одлична партија во текот на целиот натпревар посебно во второто полувреме кога  паднаа дури 5 гола. Функционирале сите линии а посебно нападот. Демонстрирале  динамичен и активен фудбал без поголем респект кон противникот кој воопшто не успеал да им парира на расположените струмичани

Победата ја најави Александар Мишев во 40 тата минута  за да на одмор се замине со водство од 1:0. Очигледно Мишев не беше задоволен со првиот погодок па во 50 тата и 58 мата минута двапати едно по друго прецизно стрелаше во мрежата на Бохемијанс за 3:0. По Мишев на сцена настапи и Јани Атанасов кој во 71 минута зголеми на 4:0. Четири минути подоцна Христијан Трапановски зголеми на 5:0 за да Атанасов во 79 го постави конечните 6:0 за општо задоволсво на македонскито преставник

,,Победата е заслуга на сите момци кои пожртвувано влегоа во овој натпревар. Задоволни сме од прикажаното иако бевме помлад тим од противникот. Буквално фунцклионираше се ,, ни истакнаа од стручниот штаб на Академијата

Следен противник на Академија Пандев се младинците на бразилскиот Флуминенсе (фаворити на турнирот)  кои го следеле настапот на струмичани и биле изненадени од ефикасноста на македонскиот преставник

 

Препорачуваме:

Видео: ,,Горааан Пандев” – Ечеше стадионот на Џенова ,,Луиџи Ферарис„ во Италија

СП 2018: Белгија убедливо го совлада Тунис

Сузана Мицева

Фото – Академијата и Горан Пандев делеа пакетчиња во струмичките детски градинки

Ване Трајков