• Mon. May 20th, 2024

Се урна кинески авион со 132 патника

Авион „Боинг 737“ на авиокомпанијата „Чајна Истерн“ со 132 патника се урна во јужната кинеска провинција Гуангси, јавува агенцијата Асошиејтед Прес.

Авионот патувал од Кунминг до индустрискиот центар Гунагси, јавува кинеската Управа за цивилно воздухопловство.

Се уште не се знае бројот на жртви. Авионот превезувал 123 патници и девет членови на екипажот, соопштува Управата, коригирајќи ги претходните податоци дека во авионот имало 133 лица.

Според државните медиуми во Кина, авионот паднал во планинска област, што предизвикало и шумски пожар.

Медиумите јавуваат дека спасувачките екипи се на терен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *