Забава

Се откажува фестивалот „Егзит“

Фестивалот „Егзит“ нема да се одржи од 13 до 16  август како што беше претходно најавено, туку ќе објави нова промена на датумот до крајот на месецот.

Како што објави порталот Н1, организаторите на фестивалот изјавиле дека одбележувањето на 20-годишнината од „Егзит“ се поместува поради здравствената состојба во Србија.

Тие додадоа дека наскоро ќе ја известат јавноста за рефундација на средствата на оние кои не сакаат да го задржат билетот за следното фестивалско издание.

извор: Макфакс

Препорачуваме:

Гевгелиски уметник направи мурал по инспирација на познатиот мурал од Анри Матис

Сузана Мицева

(е)Лит – електронско списание за литература, култура и уметност

Сузана Мицева

Дваесетина маски ќе дефилираат на струмичкиот карневал

Сузана Мицева