Регион

Светски ден на првата помош

Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвен крст на територија на град Скопје, традиционално и оваа година ќе одбележат Светскиот ден на Првата помош.

Одбележувањето кое го организираат во соработка и со поддршка на СВР Скопје, ќе биде  со изведување показна вежба за правилно укажување на прва помош на неколку локации во Скопје, односно пред ТЦ Бисер, пред порта Македонија и спроти ТЦ Мавровка (Бит пазар).

Ќе бидат симулирани повреди, а возачите на моторни возила кои ќе бидат сопрени од страна на овластено лице на СВР Скопје треба правилно да ги санираат. За сите кои правилно ќе укажат Прва помош предвидени се  награди, а оние кои немаат доволно знаење, ќе бидат едуцирани од волонтерите на Црвениот крст обучени за правилно укажување прва помош.

Преку оваа активност, Црвениот крст уште еднаш ја нагласува потребата од навремено и правилно укажување Прва помош како вештина која спасува живот и треба да биде совладана од сите, без разлика на возраста.

Препорачуваме:

Дезинфекцијата континуирана, а претстојат акции за дезинсекција и дератизација

Стојне Митева

НЕВРЕМЕ ВО СТРУМИЦА

Dimitar Micev

Нуланд во Гевгелија и Идомени

Сузана Мицева