• Sun. May 19th, 2024

Санкционирани 18 пешаци кои улицата ја поминувале надвор од пешачки

На 06.04.2022 во периодот од 10.00 до 15.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола за прекршоците што ги прават пешаците во сообраќајот. Притоа, биле констатирани 18 прекршоци во врска со преминување улица надвор од пешачки премин, од кои 6 во Струмица, 5 во Валандово, 4 во Радовиш и 3 во Гевгелија. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *