• Wed. May 15th, 2024

Репрезентативец на Уганда потпиша за Брера Струмица

ByЃ. K.

Feb 8, 2024

Струмичка Брера за првиот дел од првенството го зголеми својот тим со нов фудбалер, 20-годишниот Роџерс Мато од Уганда.

Мато, кој има искуство од настапите за Кампала и турскиот клуб Шанлиурфаспор, е дел и од националниот тим на Уганда, каде што веќе има 21 настап и три гола, иако е млад. Тој е напаѓач кој игра на десно и лево крило.

Иако имаше понуди од клубови од Европа, Мато одлучи да ја продолжи кариерата во Првата Македонска Фудбалска лига, избирајќи Струмица поради можностите што ги нуди Брера Холдинг.

Тој се приклучи на тимот само две недели пред почетокот на пролетниот дел од првенството, кое ќе започне со натпревар против Силекс во Кратово.

By Ѓ. K.