• Mon. May 20th, 2024

Расте интересот за социјално претприемништво во Македонија

Да се поттикнат локалните власти и бизнисот, како и заедницата да ги поддржат социјалните претпријатија. Ова е целта на обуката за социјално претприемништво што ја организира Организацијата „Конект“ во соработка со Терапевтската заедница „Покров“ за запознавање на сите чинители со позитивните придобивки за економијата, заедницата и развојот кој со себе ги носи овој вид на компании.

Голема е одговорноста кај компаниите кои може да помогнат на социјалните претпријатија да го поврзат нивниот бизнис. Синџирот маркети Тинекс склучиле договор со Терапевтската заедница Покров за пласман на нивните органзки проеизводи. Сметаат дека овој пример треба да го следат сите.

Од Терапевстката заедница Покров, велат дека по склучувањето на договор со министерството за труд и социјална политика, за финансирање на 32 штитеници, претпријатието може до 2020 година да ја оствари својата цел -да стане самоодржливо.

Покров има засадено 30тина видови органски производи кои од годинава ќе се најдат во повеќе маркети низ Македонија. Заедницата планира во иднина да отвори и мал погон за конзервирање со што ќе се реализира проектот од „Нива до тегла“.

Инаку статистиката покажува дека во земјите од ЕУ, социјалните претпријатија учествуваат со 10 проценти во Бруто домапшниот производ, а поради блискоста со заедницата и најлесно ја поминале економската криза.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *