• Fri. May 17th, 2024

Ракометарите на Астарион во недела во Парк играат дерби со Торо за прва позиција

ByВане Трајков

May 11, 2018

Кадетите на Астарион во недела во спортската сала Парк во Струмица го играат клучниот натпревар за освојување на првата позиција во својата група која носи билет за пласман на завршниот турнир за шампиони во кадетската лига. Го пречекуваат  тимот на Торо спорт од Виница кој во Струмица треба да биде совладан со што астарионци ќе ја превземат првата позиција и ќе играат за шампионската титула.

Екипата на Торо спорт е единствениот тим кој есенва им нанесоа  пораз на младите струмичани со резултат од 21:20. Затоа во реваншот на свој терен во салата Парк им е потребна победа со повеќе од еден гол разлика за да може да играат за титулата кадетски првак на Македонија. Астраионци го можат тоа имајки во предвид победите изразени со повеќе голови разлика но е потребна подршка од струмичани

Расположението во таборот на РК Астрион е на потребното ниво .  Младите надежи очекуваат полни трибини во салата Парк и подршка за продолжување на победоносниот од и заверка на фаворитската улога, иако гостинскиот тим не смее да се потцени.

Дуелот Астраион – Торо спорт е закажан во 19 часот во салата Парк. Само со победа астраионци ќе го исполнат зацртаното – пласман во фајнл форот кој може да се игра и во Струмица ако РК Астраион ја освои првата позиција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *