• Sun. May 19th, 2024

Раководител на ЈП пишувал дневници на вработен додека извршувал приватни работи

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против Г.Д.(44) од Радовиш за сторено кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во текот на 2016 и 2017 година, пријавениот, како раководител на сектор во ЈП „Плаваја“ – Радовиш, во повеќе наврати, во платните списоци и дневните евиденции за вработениот Р.М. евидентирал полно работно време, додека извршувал приватна дејност утовар, превоз и истовар на дрвни сортименти. Со ова пријавениот му овозможил на Р.М. да се стекне со противправна имотна корист од 325.000 денари на штета на ЈП „Плаваја“ – Радовиш.
Раководител на сектор во Јавно претпријатие од Радовиш го оштетил претпријатието за 5.000 евра, пишувајќи дневници за полно работно време на вработен, додека извршувал приватна дејност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *