• Mon. May 20th, 2024

Протест на екс и сегашните вработени во Јака 80 во Радовиш- си ги бараат заостанатите плати

ByВане Трајков

Mar 19, 2018

Дел од сегашните и поранешни вработени од фармацевтска компанија ,,Јака 80’’ излегоа на протест пред затворените погони во Радовиш и си ги побараа заостантите плати и отпремнини од Јовица Стефановиќ – Нини, за кого тврдат дека уште е газда. Револтот доаѓа што никој не им го решава статусот и нивната повеќегодишна агонија заглавена во судско-извршителските лавиринти. Најмногу се погодени работниците кои се водат како вработени и до лани патуваа за Скопје на работа, а немаат земено никаква плата.

На телефоните на АД „Јака 80“ во Скопје никој не креваше телефон за да даде одговор и објаснување што со заостанатите плати на вработените што протестираа во Радовиш.

Освен за заостанатите плати за минатата година, пред затворената фабрика во Радовиш протестираа и за неисплатените плати и отпремнини за периодот до 2010, кога производството на лекови и козметика од Радовиш се пресели во Скопје.

Поранешните и сегашни вработени од „Јака 80“ од Радовиш се заканија дека следните денови ќе излезат на протест пред Владата и Министерството за труд и социјална политика за да се заврши нивната агонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *