• Fri. May 17th, 2024

Се подобрува состојбата на лицата со Даунов синдром во општеството, вели Анче Николова Туфекчиева од Здружението „Вера„

ByDimitar Micev

Mar 19, 2018

Родителите и лицата со даунов синдром секојдневно се борат за своите права. Нивните напори се почесто завршуваат со успех. Анче Николова Туфекчиева, претседател на Здружението за помош и поддршка на лицата со даунов синдром „Вера„ од Струмица, и родител на дете со даунов синдром, вели дека состојбата на овие лица се повеќе се подобрува. Според неа, тие се почесто се прифатени во општеството и ги уживаат основните човекови права.

-„ Од година во година се повеќе се подобрува состојбата на лицата со Даунов синдром. Речиси две години, општина Струмица е на наша страна. Вратите низ институциите се повеќе ни се отвораат, а по примерот на нашата општина и повеќето други општини вклучија лични асисенти на лицата со Даунов синдром во образованието. Со тоа ние сме посмирени, бидејќи знаеме дека нашите деца се во сигурни раце“, вели Туфекчиева.

Семејството Туфекчиеви повеќе од 10 години се соочуваа со падови и успеси. Нивната борба ќе продолжи и понатаму, за себе и за правата на сите лица со Даунов синдром.

Светскиот ден на лицата со Даунов синдром се одбележува секоја година на 21 Март.Дауновиот синдром е хромозомопатија која се јавува на 21 хромозом и кај лицата со оваа болест наместо два има три хромозоми. Во Македонија нема официјална статистика за лицата со Даунов синдром.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *