Регион

Променливото време влијае врз развојот и расадот на тутун

Врнежите кои беа во текот на овој месец од една страна ја подобрија влажноста на почвата која е добредојдена за есенските жита, но од друга страна ја забавуваат пролетната сеидба и развојот на расадот на тутун. Марјан Трајков од здружението „Басмак„ вели дека поради зголемената влажност расадот почнал да гине, но со превземање на превентивни мерки успеале да сочуваат дел од него.

Од Здруженијата на тутунопроизводители стравуваат дека годинава производството на тутун ќе биде намалено. Сето ова зависи од неговото расадопроизводство но и временските услови, вели Трајков.

Минатата година просечната цена на тутун достигна 185 денари по килограм, а во земјава беа откупени околу 20,000 тони тутун.

Препорачуваме:

Дел парите од 8-те плански региони наменети за проекти во Југоисточниот регион

Ване Трајков

Ќе се регулира поројот Св. Илија во Струмица

Ване Трајков

Предложено укинување на КОВИД-сертификатите при влез во земјава

Стојне Митева